Намалени трошоците на животот
Трошоците на животот во јули годинава се намалиле за 0,6 отсто во споредба со претходниот месец, а цените на мало останале на истото ниво. Во споредба, пак, со истиот месец од претходната година трошоците на животот пораснале за 1,2 отсто, а цените на мало се зголемиле за 2,9 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, намалувањето на трошоците на животот во јули годинава во споредба со претходниот месец е резултат на пониските цени на свежиот и разладениот зеленчук освен компирот за 10,6 отсто, јајцата за 1,7, млекото за 1,2, брашното и другите житарици и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,1, изнутриците за 0,8 и другите пекарски производи за 0,5 отсто.
Намалување на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 6,4 отсто, автомобилите и течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4,2, гасот за домаќинствата за 4,1, средствата за чистење и одржување на станот за 3, болничките услуги за 2,9, обувките за 1,1, градините, растенијата и цвеќињата за 0,7, цврстите горива за домаќинствата за 0,4, малите електрични апарати и опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,3, ткаенините, електричната енергија за домаќинствата, телефон и телефакс апаратите и телефон и телефакс услугите за 0,2 отсто.
Пораст на трошоците на животот, пак, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 2,6 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 2,5, другите прехранбени производи за 0,8, безалкохолните пијалоци за 0,7, оризот, другите преработки од месо, рибата и морските плодови и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0,5 отсто.
Пораст на трошоците на животот има и кај авионскиот превоз на патници за 13,2 отсто, информатичката опрема за 5,2, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 5 отсто, услугите за сместување за 4,8, пакет-туристичките аранжмани за 2,2, велосипедите за 0,3 и текстилот за домаќинствата за 0,2 отсто.