fbpx
ВестиТоп вести

Искористување на обновливи извори на енергија во насока на развој на земјоделството

 

 

 

Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР во соработка со Соларна Асоцијација организира настан за “Промоција на можностите за искористување на обновливи извори на енергија во земјоделството”, преку презентација на опрема и успешни практики како потенцијал кој може да даде значаен придонес  во економијата и во енергетскиот биланс, односно во стимуалција на одржлив развој.

Настанот ќе се одржи на 1ви август со почеток од 10 часот во хотел Кристал Палас, Прилеп.

Во рамки на презентацијата врвни стручни лица ќе имаат предавање на теми поврзани обновливите извори на енергија.

На тема  „Глобално загревање, климатски промени и Обновливи извори на енергија – Сончевата енергија, потенцијали и можности за нејзино искористување ќе говорат Вонр.Проф.Др.Илија Насов и Проф.Др.Славе Арменски.

За Искористување на сончевата енергија  во Македонија – Како? Зошто? Каде?, ќе говори Вонр.Проф.Др. Илија  Насов.

Во рамки на настанот   ќе се одржи презентација на опрема и добри практики за примена во земјоделството со  посебен акцент на СОЛАРНИ СУШАРИ.

Заинтересираните земјоделци може да го закажат своето присуство  на тел бр. 078/393 900 или на  mail: leadernetmk@gmail.com.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close