fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Намирница која меѓу Македонците е „омразена“, а е идеална за слабеење

Содржи многу важни хранливи материи кои можат да ве заштитат од одредени здравствени проблеми, а помага и да ги изгубите вишокот килограми.

Боранијата во Македонија важи за „омразена“ храна која многу луѓе не сакаат да ја јадат, но можеби ќе се предомислат кога ќе сфатат дека се работи за исклучително здрава храна која има бројни придобивки за организмот.
Содржи многу важни хранливи материи кои можат да ве заштитат од одредени здравствени проблеми, а помага и да ги изгубите вишокот килограми. Важно е да знаете дека боранија не содржи холестерол. Иако на нашите тела му треба малку холестерол за здрав раст на клетките, покачениот холестерол може да доведе до масни наслаги во артериите. Ова може да го намали протокот на крв во срцето и мозокот и да предизвика срцев или мозочен удар, предупредува веб-страницата „HealthLine“.

Една шолја сирова боранија има 2,7 g влакна, додека варената боранија содржи 4 g влакна, од кои некои се растворливи. Тие растворливи влакна можат да помогнат во намалувањето на LDL, или таканаречениот „лош холестерол“ и нивото на вкупниот холестерол.

Исто така, боранија го штити срцето бидејќи го намалува крвниот притисок и го намалува воспалението. Имено, Американското здружение за срце препорачува до 1.500 мг сол дневно за оптимално здравје на срцето, а боранија природно има малку натриум – една шолја има само 6,6 мг. Премногу сол во исхраната го зголемува крвниот притисок, што е поврзано со зголемен ризик од срцеви заболувања и мозочен удар.

Покрај тоа, боранија е богат извор на витамини А, Ц и К, како и фолна киселина, која е особено важна за трудниците.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close