fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Напролет ќе се реконструира најоштетената делница од 12 километри од регионалниот пат Демир Хисар-Другово

Министерот Бочварски најави итна реконструкција на најоштетените делови од регионалниот пат за да се подобри безбедноста на овој патен правец што беше и едно од главните барања на жителите од овој регион.

Напролет ќе се реконструира најоштетената делница од 12 километри на регионалниот пат Демир Хисар – Другово, е договорено  на средбата на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорите на јавните претпријатија за државни патишта и за одржување на регионалните и магистралните патишта со жителите од населеното место Сопотница, демирхисарско.

Министерот Бочварски најави итна реконструкција на најоштетените делови од регионалниот пат за да се подобри безбедноста на овој патен правец што беше и едно од главните барања на жителите од овој регион.

Реконструкцијата ќе се изврши преку ЈП за одржување на регионалните и магистралните патишта.

– Утрово имавме координација и изнајдовме средства за реконструкција на овој патен правец со што верувам дека ќе ја подобриме безбедноста на патот. Бидете сигурни дека повторно ќе дојдеме со директорите овде и лично ќе се уверите дека ова што го зборуваме за реконструкција на патот ќе се реализира со отворање на асфалтните бази, изјави Бочварски пред жителите на Сопотница.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми истакна дека во завршна фаза е изработката на проектот за реконструкција на целиот патен правец од Демир Хисар до Другово во должина од 42 километри. Овој патен правец ќе се реконструира следната година откако ќе се завршат сите јавни постапки.

Директорот на јавното претпријатие за одржување на регионалните и магистрални патишта Костадин Ацевски потенцираше дека реконструкцијата ќе ја врши ова јавно претпријатие со започнување на работа на асфалтните бази.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close