fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Народната банка „на готовс“ доколку инфлацијата покаже заби

Народната банка нема да се колеба да ги преземе сите потребни мерки за да се одржи ценовната стабилност во земјава, доколку се зголеми притисокот врз инфлацијата, изјави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска смета дека за сега нема таква опасност и дека инфлацијата според процените на НБ годинава ќе изнесува 2,2 отсто. Народната банка нема да се колеба да ги преземе сите потребни мерки за да се одржи ценовната стабилност во земјава, доколку се зголеми притисокот врз инфлацијата, изјави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Таа потсети дека НБ располага со цел сет на инструменти кои ќе ја затегнат монетарната политика. Гувернерката сепак смета дека за сега нема таква опасност и дека инфлацијата според процените на Народната банка годинава ќе изнесува 2,2 отсто. Дека инфлаторните притисоци се од времен карактер се согласува и гувернерот на Хрватската народна банка (ХНБ), Борис Вујчиќ кој што е во дводневна работна посета на нашата земја. Тој вели дека во Македонија не се случува ништо поинаку од другите земји во Европа и во светот и не очекува притисокот на цените да се прелее врз платите и понатаму врз поголема потрошувачка, што може да поттикне инфлаторна спирала. Според прогнозите на ХНБ, инфлацијата во Хрватска годинава ќе изнесува 1,7 отсто.

Дали монетарната политика ќе остане релаксирана како сега или не, зависи од два клучни параметри, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска. Едниот е нивото на девизните резерви, а другиот стапката на инфлација и инфлаторните очекувања.

„Во моментов нивото на девизни резерви надминува 4 милијарди евра. Само за споредба, сегашното ниво на девизни резерви е двојно повисоко во однос на она од глобалната финансиска криза и сите меѓународни стандарди упатуваат дека сегашното ниво е адекватно“, истакна Ангеловска-Бежоска, одговарајќи на прашања на новинарите на прес конференцијата по потпишување на Меморандумот за соработка меѓу НБМ и ХНБ.https://nezavisen.mk/narodnata-banka-na-gotovs-dokolku-inflacijata-pokazhe-zabi/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close