вестиТоп вести

Над 100 илјади јагниња се откупени, има простор уште за 10 илјади да се откупат вели министерот Димковски

 

Министерот за земјоделство Трајан Димковски потврдува дека е намален  откупот на јагнињата во споредба со минатата година и дека откупот тече забавено. За скоро рече тој има простор на традиционалните пазари за извоз да се пласираат уште 10 илјади јагниња.

-Над 100 илјади јагниња се откупени, што значи дека во споредба со минатите години откупот е намален, но мерката која што ја договоривме на почетокот на откупната сезона, кога веќе се најавуваа одредени проблеми , поддршката за оставено  женско јагне е 2500 денари и дава резултатите. Според последните разговори со откупувачите   на пазарот се останати еден помал дел околу 10 илјади јагниња кои што можат да се понудат. А она што ние го очекуваме  е тоа 60 илјади женски јагниња да бидат дополнително оставени, или вкупно да бидат оставени околу 160 илјади женски јагниња за репродукција, рече Димковски.

Според него извозниците се одлучија да ги задоволат потребите на традиционалните пазари Италија, Хрватска, Грција.

-Имајќи ја на ум сета оваа бројка и планирана поддршка за оставеното женско јагне и вкупниот број , сумата која што би била издвоена од буџетот е некаде околу 8 милиони евра, доколку се реализираат испланираните проекции, рече Димковски.

Дали власта може да се договори со кланиците за поголема откупна цена на јагнињата?!

-Тоа е договор меѓу два ентитета, меѓу сточарите и откупувачите, Ние сме отворени за соработка за медијација  и посредување во овој дел каде што сепак договорената цена ја постигнуваат двата субјекти. Нашето движење е во законските рамки, рече Димковски.

А.Б

Слични написи

Back to top button
Close