Вести
Наскоро оглас за субвенции за расен добиток
Во текот на овој месец треба да се објави оглас за субвенционирање на набавката за расен добиток. Годинава ќе се финансира купувањето и на женските овци и кози во висина од 50 проценти од трошоците.
Сточарите кои сакаат да го прошират стадото со расни јуници, овци и кози од Македонија и од увоз, ќе добиваат субвенција од 50 проценти.
За да го остварат ова право и да им се платат половината од одобрените трошоци, земјоделците по објавувањето на огласот своите барања можат да ги достават до платежната агенција.
Новина е што се дава можност да се набават женски овци и кози што досега неможеше.