вести

Наскоро првиот оглас за ИПАРД 2 со зголемено кофинансирање

ipard

Според експертите, со ИПАРД 2 се проширува опсегот на инвестиции, односно средства ќе може да се користат и во полјоделството и во инвестирање во обновливи извори на енергија на фармите. Исто така новина е и воведувањето на житните култури како прифатлив сектор за инвестирање и инвестирањето во обновливи извори на енергија

Новиот ИПАРД 2 кој се очекува да биде објавен наскоро, на земјоделските стопанства ќе им овозможи да аплицираат за добивање нови средства за инвестиции. Со ИПАРД 2 Програмата тие имаат на располагање 80 милиони евра, од кои 60 милиони евра европски пари, додека останатите 20 милиони треба да ги издвои Република Македонија. Мерките остануваат исти како и во првата програма, но сега со зголемено кофинансирање на инвестициите до 70 проценти.

ИПАРД 2 мерките наменети за преработувачката индустрија се однесуваат на производството на млеко и млечни производи, месо и производи од месо. Тука се вклучени и производството на живина и јајца, овошје и зеленчук, мелнички и житни производи и вино. Пари ќе има и за производство на енергија добиена со преработка на производи од растително и животинско потекло

Прифатливи инвестиции за кофинансирање се и изградбата или реконструкцијата на објекти и фарми, складови за чување на храна и храна за добиток, амбари или силоси. Пари ќе има и за магацини, ладилници и калибратори.

Исто така ќе се финансира и инфраструктура на имотот на земјоделските претпријатија кои ќе конкурираат, вклучувајќи ја и изградба и реконструкција на патишта за внатрешно поврзување на објектите, електрични инсталации, водоводи, систем за отпадни води, пумпни и бунари.

Според експертите, со ИПАРД 2 се проширува опсегот на инвестиции, односно средства ќе може да се користат и во полјоделството и во инвестирање во обновливи извори на енергија на фармите. Исто така новина е и воведувањето на житните култури како прифатлив сектор за инвестирање и инвестирањето во обновливи извори на енергија.

Со ИПАРД 2 се планира да се овозможи и поддршка на инвестициите во рурална инфраструктура, а директни корисници на средства ќе бидат општините.

Мерката е воведена во програмата, меѓутоа процесот на акредитација се уште тече.По завршување на постапката, ќе следи објавување јавен повик и аплицирање на локалните власт за обнова на инфраструктурата.

И кај земјоделците постои голем интерес за користење на средствата од ИПАРД 2 програмата. Олеснителна околност за земјоделците е тоа што сега критериумите за аплицирање се олеснети во споредба со претходниот циклус.

Целта на ИПАРД Програмата 2014-2020 е преку развој на човечкиот и физички капитал да се подобри безбедноста на храната и способноста на земјоделско-прехранбениот сектор за справување со конкуренцијата на пазарот, како и за постепено усогласување на секторот со стандардите на Европската Унија, особено оние кои се однесуваат на хигиената и животната средина, а во насока на постигнување на рамномерен територијален развој на руралните средини.


 

вечер.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close