Најперспективни видови вишни за нашето поднебје

(Oвој напис е објавен на: February 26, 2019)

Според последните истражувања, потврдено е дека вишната е најконкурентна овошка на европскиот пазар, но недоволно е искористена. Постојат многу сорти на вишни кои се одгледуваат кај нас, но според анализите на светскиот пазар, утврдено е дека следните сорти од оваа овошка се најраспространети и имаат најдобри биолошко – земјоделски својства.

Покрај големиот број сорти на вишни, потребно е да се изврши избор на садниците за одгледување. Правилниот избор на сортите на вишни во однос на еколошките барањаи биолошките својства има големо значење. Со селективна работа се придонесува за оптимизација на садниците и одгледување на оние врсти кои се најпогодни за одредено географско подрачје.

Во светот постојат голем број на сорти на вишни. Во својата книга „Технологија на производство на вишни и кајсии“, Р. Благојевиќ ги наведува следните типови вишни:

Рексели

Германска сорта вишни која се одгледува во Србија, долги години. Таа созрева на почетокот на третата декада на јуни. Плодот на оваа вишна е средно голем, со просечна маса, со затапено срцест облик и темно црвена боја. Стеблото на овој тип вишни е средно бујно, со тркалезна крошна и изразено соголување на гранките. Овој тип вишни, раѓа рано, редовно и обилно.

Шумадинка

Оваа сорта вишни создадена е на институтот за овоштарство во Чачак. Шумадинката созрева доцна, на крајот на првата декада од јули. Плодот на оваа вишна е голем со просечна маса околу 6,5 грама, тркалезен облик и темноцрвена боја. Овој тип вишни е со изразито кисел вкус и изразена пријатна арома. Шумадинката е многу квалитетна вишна, одлична за индустриска преработка и правење на разни преработки. Овој тип вишни е заштитен вид.

Келерис

Овој вид вишна доаѓа од Данска, но застапена е во голем број земји на Европа. Келерисот созрева доцна, на почетокот на првата декада на јули. Плодот на оваа вишна е со средна големина, околу 4-5 грама, со тркалезен облик и темно црвена боја. Месото на келерисот е сочно, полуцврсто со кисел вкус и убава арома. Стеблото на овој тип вишна е полукружно, со исправена крошна. Вишната келерис е самоплодна вишна.

Облачинска вишна

Најраспространета е домашната сорта. Овој тип вишна претставува збир на разни клонови на големина и родност на вишната. Облачинската вишна созрева на крајот на втората декада од јуни. Плодот од облачинската вишна е ситен (3 – 3,5 грама), со тркалезна форма, темноцрвена боја.

Облачинската вишна има месо кое е сочно, полуцврсто и обоено. Облачинската вишна е самоплодна и одлично раѓа. Најчесто се користи во индустриски цели. Подложна е на дупки на листовите, но исто така и на болести. Исто така, кај овој тип вишни честа појава е црвливоста.

Метеор

Американски вид вишна која е позната според времето на зреење. Созрева околу десетти јули, како и Шумадинката. Плодот на овој тип вишни е средно голем со маса околу 5 грама, со светлоцрвена боја и пријатна арома. Овој тип вишни важи за една од најродните сорти.

Оптималниот избор на вишни е од пресудно значење за добивање овошки, раст и развој на стеблото и слично. Некои видови вишни се самооплодни, додека некои бараат во состав на насадот да бидат посадени опрашувачи. Одгледувањето вишни на голема површина бара советување со стручњаци или искусни овоштари при избор на сортата која ќе се засади.

Како да се оцени квалитетот на вишновите садници?

Параметрите според кои се оценува квалитетот на садниците се променливи и зависат од конкретните намени. Некои од критериумите на основ на кои може да се изврши избор на вишновите сорти за садење се:големина на плодовите на вишната, отпорност на берба и транспорт итн.

 

Зелена берза

Share Button