fbpx
ВестиТоп вести

Натпревар за најдобар постер за Светскиот ден на храната

 

По повод Светскиот ден на храната  Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО)  организира натпревар за најдобар постер на тема „Целта за одржлив развој 2 – Свет без Глад (Zero Hunger)“. За таа цел ги повикува децата и младите од цел свет да се придружат на натпреварот  и да дадат свој придонес во градењето на генерација #СветбезГлад. Од светската организација Фао алармираат дека е сѐ повисока бројката на гладни во светот. Постигнувањето на  Свет без глад до 2030 година  е можно само доколку заеднички се работи за подигнување на на јавната свест за тоа како секој може да прифати нов начин на делување – од државите и носителите на одлуки, до малите фирми, големите корпорации, образовниот кадар и пошироко.

За  учество  на натпреварот  децата и младите луѓе (на возраст од 5-19 години) потребно е да креираат постер што ќе даде живот на годинешната тема. Веб страницата на Светскиот ден на храната (www.fao.org/world-food-day) обезбеди материјали (достапни и на македонски јазик: http://www.fao.org/documents/card/en/c/I9420MK; https://bit.ly/2pQyp7M) и информации за да им помогне на учениците и нивните наставници да ја проучат темата и да ја стимулираат креативноста.

Учеството во Натпреварот е едноставно. Децата или нивните родители и наставници можат да го скенираат или фотографираат нивното дело и да го поднесат на:  www.fao.org/world-food-day/2018/contest.

Победниците на натпреварот за постер ќе бидат објавени во декември, на веб-страницата на Светскио ден на храната и други дигитални канали на ФАО. Истите ќе бидатпретставени на изложба во седиштето на ФАО во Рим и ќе добијат потпишани од страна на официјален претставник на Обединетите нации, како и пакет подароци.

 

Крајнио трок за поднесување на постерите е 9 ноември 2018 година.

Минатата година, повеќе од 10.000 ученици од преку 100 држави, од Тринидад и Тобаго до Шри Ланка, од Зимбабве до Филипините – учествуваа во натпреварот.

Според последниот извештај на ФАО, денес, преку 821 милиони луѓе страдаат од хронична неисхранетост. Конфликти, екстремни климатски настани и економска стагнација го враќаат назад напредокот направен во борбата против гладот во светот, а истовремено, растат нивоата на прекумерна тежина и дебелина. Светот може да постигне Свет Без Глад – искоренување на гладот и неисхранетоста – доколку државите, претпријатијата, мултинационалните корпорации, фармерите, производителите на храна и ВИЕ преземете активности.

  • Светот произведува доволно храна за да ги нахрани сите, а сепак околу 821 милиони луѓе страдаат од глад. Тоа е еден од деветлуѓе. 60% од нив се жени.
  • Околу80% од екстремно сиромашните во светот живеат во рурални средини. Повеќето од нив зависат од земјоделството. Ова значи дека треба да работиме на развој на земјоделскио тсектор и обезбедување на подобри можности за земјоделците.
  • Гладот убива повеќе луѓе на годишно ниво отколку маларијата, туберкулозата и сидата заедно.
  • Околу45% од смртните случаи ка јновороденчињата се поврзани со неисхранетост. Гладувањето и понатаму е секојдневие за 155 милиони деца на возрас тпод пет години, што го зголемува ризикотод болести, предвремена мрт, и успорен ментален развој.
  • 1,9 милијардилуѓе – повеќе од една четвртина о дсветското население – се со прекумерна тежина. 600 милиони од нив се дебели и дебелината се  позастапена насекаде со забрзано темпо.
  • ФАО проценува дека земјоделското производство мора да се зголеми за околу 60% до 2050 година, со цел да се нахрани побројното и генерално побогатото население во иднина, информира тимот на ФАО во Рим, Италија.

Слични написи

Back to top button
Close