Агро бизнисВестиТоп вести
Наутро минуси температури – Променливо облачно со сончеви периоди
Утрово минус три степени во Скопје, Крива Паланка и Демир Капија, Битола и Крушево минус 2, Прилеп и Штип минус 1
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во текот на седмицата времето ќе биде променливо облачно, од среда со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.





