Вести
НЕ ЧЕКАЛЕ РАБОТАТА ДА ИМ ПАДНЕ ОД НЕБО: Млад брачен пар почнал свој бизнис
Брачниот пар Ивана и Шаре од Ада се одлучиле да се занимаваат со производство и преработка на овошје.
Тие прават домашен мармалад од кајсија, капина, малина, аронија, и црна рибизла.
Своите производи ги нудат на пазар или на манифестации во Нови Сад, Суботица, Палич, Бачка Топола и други места.
„Насадите со аронија и црна рибизла ги проширивме лани и мислам дека не згрешивме“ – велат тие.
За кајсиите додаваат дека има години кога ќе измрзнат и остануваат без род.
Нивна амбиција е да почнат да прават сушени сливи, чипс од јаболка и круши, сушен домат и слично.
Свежото овошје се продава во сезона, а сушеното може да се продава цела година.
Првите искуства им се позитивни, затоа што луѓето се заинтересирани.