fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Не очекуваме зголемување на цената на струјата, вели Бислимоски

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски во интервју за МИА говори за цената на струјата, кондицијата на енергетските компании, заштитата на потрошувачите од ценовните шокови, водните и комуналните услуги и плановите за Новата 2021 година.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски во интервју за МИА говори за цената на струјата, кондицијата на енергетските компании, заштитата на потрошувачите од ценовните шокови, водните и комуналните услуги и плановите за Новата 2021 година.

Дали се очекува зголемување на цената на електричната енергија поради намаленото производство во хидроцентралите заради неповолната хидрологија и следствено на тоа зголемениот увоз?

-Во овој момент не очекуваме зголемување на цената на електричната енергија. ЕСМ има обврски да ги обезбеди потребите на малите потрошувачи и на домаќинствата и тоа по цена која сама си ја определува, бидејќи РКЕ повеќе не ја определува цената на ЕСМ за струјата. Според информациите кои ги имаме, сега цената на ЕСМ изнесува 38,8 евра за мегават час. Факт е дека имаме намалено производство од хидро капацитетите во државата кое пред се се должи на лошата хидрологија која кон крајот на 2020 година ја имаше не само во нашата земја, туку и во регионот и од тие причини имаше потреба од увоз на електрична енергија, но ЕСМ е обврзан  во рамките на таа цена која што ја понудил од 38,8 евра за мегават час да ги обезбеди потребите на малите потрошувачи и на домаќинствата. Дали ќе увезува дополнително или не тоа од аспект на цена не е битно, бидејќи во калкулациите на РКЕ влегува цената која ја нуди ЕСМ и во рамките на таа цена ЕСМ ќе си ги покрие своите трошоци за увоз на електрична енергија.

Колкав процент треба да обезбеди АД ЕСМ за Универзалниот снабдувач за годинава и дали компанијата ќе биде подготвена да го направи тоа без да предизвика зголемување на цената на регулираниот пазар поради намаленото сопствено производство?

-Согласно Законот за енергетика започнувајќи од 2019 година, па до 2025 година ЕСМ има обврска да обезбедува дел од своето производство за потребите на регулираниот пазар, односно за малите потрошувачи и домаќинствата кои се снабдувани од Универзалниот снабдувач. Во 2019 година обврската беше 80 проценти, а ЕСМ обезбеди 100 проценти. Во 2020 година е 75 проценти, во 2021 е 70 проценти и се така до 2025 година кога ќе изнесува 30 проценти. Во зависност од тоа што ќе обезбеди ЕСМ и колку ќе обезбеди ќе има потреба во рамките на своите производни капацитети  да си го оптимизира своето производство. Најдобро  би било доколку ЕСМ обезбеди 100 проценти од потребите на малите потрошувачи и домаќинствата, имајќи  во предвид дека во изминатиот период има убедливо пониска цена отколку што е цената на пазарот на електрична енергија. Овие обврски за процентуално обезбедување откако ќе ги понуди ЕСМ на Универзалниот снабдувач е обврзан целосно да ги обезбеди како што е предвидено со Законот за енергетика.

Доколку има зголемени можности би било добро да обезбедува 100 проценти од потребите на малите потрошувачи  и домаќинствата. Обезбедувањето 70 проценти од потребите за Универзалниот снабдувач за годинава е законска обврска која мора да ја обезбеди ЕСМ доколку има пониска цена од цената  на пазарот на електрична енергија, бидејќи се распишува тендер. Доколку се случи  цените на пазарот да бидат пониски од цената на ЕСМ, во што не верувам, во тој случај нема потреба ЕСМ да ги обезбеди тие 70 проценти. До сега се покажа дека тоа не е возможно, а и цената на ЕСМ и во моментов, а и во претходниот период е некаде помеѓу 20 и 30 проценти пониска од пазарната цена на електричната енергија.https://nezavisen.mk/ne-ochekuvame-zgolemuvanje-na-cenata-na-strujata-veli-bislimoski/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close