„Не се срамам, јас сум од село“ – Ученичка со трактор на полуматура
Моите пријатели се смееја, но јас не се срамев. Немам од што да се срамам, јас сум од село
Ученичката Тијана Марковиќ од Србија, Ужице, предизвика внимание во неделата кога со трактор пристигна на матурската церемонија, односно прославата на крајот на основното училиште.
Како што рече, Тијана е горда на своето селско потекло, а нејзиното доаѓање со трактор, возило кое е симбол на селскиот живот, предизвика изненадување кај минувачите и соучениците. „Не знам како тато дојде на оваа идеја, но се согласив. Планирам да се запишам на техничко и графичко цртање. Моите пријатели се смееја, но јас не се срамев. Немам од што да се срамам, јас сум од село“, изјави таа за порталот Ужице.
Во коментарите под видеото многумина ги пофалија Тијана и нејзиниот татко. „Им честитам на родителите за успехот што воспитале такво дете“, „Зошто да ѝ се смеат, можам само да ѝ завидувам затоа што трактор е подобар од автомобил“, „Оригинална идеја на прекрасни луѓе кои гордо го претставуваат она што прават“, „Па ова е за гордост“, беа само дел од позитивните коментари.