
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Следува период на променливо облачно и релативно топло време
Од понеделник повторно се очекуваат локални врнежи од дожд и услови за изолирана појава на грмежи.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на променливо облачно и релативно топло време. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од понеделник повторно се очекуваат локални врнежи од дожд и услови за изолирана појава на грмежи.





