fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Недоволен интерес кај жените земјоделки од Источниот регион за државната финансиска помош

Недоволен интерес покажале жените земјоделки од Источниот регион за добивање финансиска поддршка од државата преку мерката „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за рурален развој за минатата година.

До крајот на предвидениот рок за пријавување, 26 декември, апликации поднеле околу 30 жени земјоделки од општините во регионот, што е само десет отсто од вкупниот број пријавени на ниво на држава, информираа од регионалната канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

-Очекувавме подобар интерес од земјоделските стопанства кај кои носител на дејноста е жена. За добивање грант во висина до 180 илјади денари, во Штип се поднесени 12 пријави, а во Кочани само четири. Фокусот на подносителите од нашиот регион главно е насочен за добивање финансиска помош за преработка на земјоделски производи и постбербени активности во земјоделството, истакна Валентин Захариев од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кочани.

Корисници на мерката што ја спроведуваше Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, можат да бидат земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во тек е разгледувањето на поднесените пријави и потребната документција, по што ќе биде познато колкав број апликации од Источниот регион ќе бидат прифатени и одобрени.

извор:Макпрес

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close