fbpx
ВестиТоп вести

КОМПОНЕНТИ НА ИНДЕКСИРАНО-то ОСИГУРУВАЊЕ на остварени приноси од посевивоСН Осигурителен Брокер Битола

При нашата последна средба Ве запознавме со нашиот нов производ „ИНДЕКСИРАНО ОСИГУРУВАЊЕна остварени приноси од посеви – ИООПП“. Во таа прилика зборувавме за предизвикот кој новиот производ го поставува и кон Вас – клиентите, но и кон самите осигурителни и реосигурителни компании, за да во оваа прилика поблиску Ви ги опишиме основните компоненти на индексираното осигурување.

Впрочем, во Македонија, владата активно промовира земјоделско осигурување со тоа што обезбедува субвенции на премиите за осигурување на земјоделските култури во износ од до 60% од премиите. И покрај високото владино учество во износот на премијата, сепак побарувачката за осигурување на земјоделските култури во Македонија и понатаму е релативно ниска, а едни од клучните причини поради кои осигурувањето на земјоделските култури сѐ уште не достигнало поголеми размери е тоа што земјоделците сеуште немаат доволно развиена свест за улогата на осигурувањето на земјоделските култури, а тука е и нивната намалена доверба.

Ваквиот однос на земјоделците е проследен со намалување на интересот кај осигурителните компании да инвестираат во нови производи и услуги и да ги подобруваат постојните. Па, веројатно, токму заради тоа и ниту една осигурителна компанија на пазарот не ја покрива на пример, сушата како опасност.Тоа, ИООПП претставува осигурителен производ кој на земјоделците им нуди заштитаи од катастрофални суши,но, на ниво на општина и затоа велиме дека ИООПП е специфичен вид на осигурување кое не е соодветно за локализирани загуби предизвикани од опасности какви што се град или локализирани речни поплави.  Повторуваме, полисата не ги осигурува индивидуалните одгледувачи од губењето на нивното производство, туку осигурува од загуба на приносите на ниво на општина. Сите земјоделци кои купиле осигурување во таа општина добиваат исплати врз основа на остварениот просечен принос во општината.

Следен елемент е што ИООПП обезбедува покритие за одредени култури: есенска пченица и јачмен  и пролетната пченка и винското грозје и тоа само во оние општини во кои производството на овие земјоделски култури е традиционално и изнесува:

  • најмалку 300 hа посеана површина ПЧЕНИЦА по општина
  • најмалку 300 hа посеана површина ЈАЧМЕН по општина
  • најмалку 300 hа посеана површина ПЧЕНКА по општина
  • најмалку 100 hа ожнеана површина ВИНСКО ГРОЗЈЕ по општина

односно, не ги опфаќа општините со мали просечни површини на посеани насади во последните три години. Списокот на индексирани општини е дефиниран според официјалната територијална поделба на Република Македонија (80 општини).

Очекуваниот принос кој всушност е историски просечен принос од осигурената култура изразен во килограми по хектар се пресметува според податоците дадени од страна на Државниот завод за статистика, а Осигурителните компании се одговорни за пресметување и обезбедување на податокот за очекуваниот принос во општинатаи го задржуваат правото да го променат начинот на пресметување земајќи ги во предвид приносите на општината од изминатите пет години, отфрлувајќи ги годините со највисоки односно најниски приноси–т.н. екстреми.

Предноста во однос на индивидуалното осигурување е што договорувачот нема обврска да ја докажува загубата односно трошокот со цел да биде обесштетен или со ИООПП сите земјоделци се третираат идентично!. Потоа, нема теренска проценка на загубите и со самото тоа и трошоците за проценкасе намалени.

Препорачани општини според анализите на Европа РЕ се: ПченицаБитола, Куманово, Долнени, Свети Николе, Могила, Старо Нагоричане, Липково, Струга, Радовиш, Прилеп. ЈачменКуманово, Битола, Старо Нагоричане, Свети Николе, Штип, Могила, Неготино, Карбинци, Долнени, Прилеп. Винско грозјеКвадарци, Неготино, Скопје, Валандово, Росоман, Василево, Куманово, Гевгелија, Свети Николе, Радовиш. ПченкаСтруга, Битола, Кичево, Боговиње, Врапчиште, Гостивар, Сарај, Ново село, Брвеница, Тетово.

 

Периодот на покритие е специфициран за секоја култура поединечно, на тој начин што се покрива целиот период на обработка на културата од започнување на сеидба па се до крајот на бербата.  И тоа:

  • Пченица: Октомври- Јули
  • Јачмен: Октомври – Јули
  • Пченка: Март- Октомври
  • Винско Грозје: Февруари – Октомври

 

Период на издавање на полиси е прецизиран:

  • Пченица: од 01.10. до 15.11
  • Јачмен: од 01.10. до 15.11
  • Пченка: од 01.03. до 15.04
  • Винско Грозје: од 15.02. до 31.03

 

Период на издавање на полиси НАБЛИЖУВА!

Ве очекуваме и Ви повторуваме дека, индексираното осигурување е инструмент развиен за справување со катастрофални ризици во југоисточна Европа, поддржан од Европа Ре,  или НОВИОТ ПРОИЗВОД КОЈ ВИ ГО НУДИ СНОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР БИТОЛА.

 

Затоа што сме секогаш на Ваша страна!…

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close