вести

Неготино и грчка Алмопија заеднички ќе го јакнат пчеларството

Општините Неготино и Алмопија од Грција преку ИПА-програмата за прекугранична соработка реализираат заеднички проект за поддршка и развој на пчеларството во двете општини. Неготино беше домаќин на дводневен состанок на кој беа презентирани реализираните активности.

negotino i grchka almopija zaednichki kje go jaknat pchelarstvoto

 

Проектот „Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекуграничната област Би економи“ е со вредност од 272.489 евра наменети за Општина Неготино. Од нив 85 отсто обезбеди ЕУ, a 15 отсто се од национално кофинансирање, додека партнерот, Општината Алмопија, има на располагање 268.145 евра.

„Проектот е насочен кон поврзување на двете општини во делот на економскиот развој на пчелните производи, фокусирајќи се на поддршката на пчеларите од неготинската општина. Еден дел од средствата ќе бидат наменети за изградба на 400 метри делница од новиот пат од Горни Дисан до Вешје, чија изградба е во тек“, рече градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов.

И грчката Општина веќе има реализирано дел од активностите. Градоначалникот на Алмопија, Димитрос Мапинос, е оптимист дека целиот проект ќе биде успешно реализиран.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close