fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

30% се зголемени субвенциите за репродуктивен добиток

Аплицирајте за субвенции за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци

Преку новиот модел за субвенционирање земјоделците добиваат побрз и поефикасен модел за субвенционирање, а за 30% се зголемени субвенциите за репродуктивен добиток.

Во таа насока министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања од програмата за 2023 година, за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци. Крајниот рок на аплицирање за оваа подмерка е до 30 јуни 2023 година.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда и истите ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда, а ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година.

Висината на директните плаќања кај оваа подмерка изнесува 1.400 денари по женско грло кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.

Дополнителна субвенција за оваа подмерка добиваат земјодлеските стопанства кои имаат минимум 30 грла говеда обележани и евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на говеда и воедно не се корисници на директните плаќања од подмерката 2.3. од Уредбата за поблисските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максимланите износи и начинот на директните плаќања за 2023 година. Висината на дополнителната субвенција изнесува 1.500 денари и истата се исплаќа за женско грло говедо кое е на возраст од 12 до 24 месеци на 30 ноември 2023 година.

Потсетуваме дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или преку електронски преку веб страната на Платежната Агенција. 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close