fbpx
Вести

Неизвесна жетва за пелагониските земјоделци

pelagonija

Низвесна жетва на лебното зрно ги очекува пелагониските земјоделци. Просечните приноси во одност на ланската жетва ќе бидат преполовени, а главоболка им создава и неизвесноста околу висината на откупната цена. Велат, без цена од 12 денари за килограм пченицата нема да ја предавааат. Ја поддржуваат иницијатаивата на ФФРМ како и предлогот за интервентен откуп…

Нашата најголема житница нема да ги испорача предвидените количини лебно зрно. Во одност на минатата година просечните приноси ќе бидат преполовени. Пелагониските земјоделци велат декаа неповолните временски услови го земаат данокот.

„Прво ниските температури, а потоа е немањето на доволно влага го успорија братењето и развојот на пченицата. Пченицата остана како јара и зрното не го доби потребниот развој“, вели земјоделецот Трајан Горгиевски.

„Приносите се слаби, на некои површини ќе паднат добри класови, но во глобала просекот на приносите ќе биде под три тони од хектар“, изјави земјоделецот Јосиф Митревски.

Земјоделците пред годинашнава жетва, која треба официјално да стартува до крајот на неделата- без жетвената еуфорија. Предстојната жетва ќе донесе преполовен род, велат пелагониските земјоделци. Доплнителна неизвесност за нив е и висината на откупната цена.

Додека мелничарите сѐ уште тактизираат со цената на светските берзи и параметрите за соодветен квалитет, земјоделците едногласни откупната цена да не биде под 12 денари за килограм пченича.

„Ланската цена од седум денари за килограм беше дури потчинувачка. Доколку и годинава е истата состојба, уште во старт нема да ја предаваме пченицата, ќе ја складираме во амбарите“, вели земјоделецот Борче Врџовски.

„Лани не ја предадов пченицата ја јадеше стоката, и годинава ќе се случи истото доколку цената не достигне 12 денари по килограм предадена пченица“, вели земјоделецот Трајан Горгиевски.

Оваа цена ја бараат и од Федарацијата на фармери, која ги застапува помалите земјоделци. Со прифаќање на нивниот предлог за интервентен откуп и ваква цена, сметаат дека ќе се заштитат околу 105.000 земјоделци што произведуваат пченица на површина од еден до три хектари. Сепак до финалниот договор ќе следат повеќе средби и договори помеѓу засегнатите страни.


 

мрт

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close