fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Неизвесност кај тутунарите, дали оваа недела ќе ги добијат субвенциите

Цветан Трипуновски со критики до власта

Тутунарите се уште се во исчекување дали оваа работна недела ќе ги добијат субвенциите за тутунот. Засега велат тие нивните сметки се празни и покрај најавите од МЗШВ и министерот Љупчо Николовски дека субвенциите ќе бидат исплатени во текот на оваа работна недала. Во петок поради празникот Духовден е неработен ден.
Зелена берза се уште чека одговор од Министерството за финасии кога ќе бидат исплатени субвенциите за тутунарите
Цветан Трипуновски со реакција на Фејсбук
Николовски, вакво потценување и лажење земјоделците никогаш немаа доживеано пред вие да дојдете на власт!
Три месеци се препелкавте дека опозицијата е таа која ги кочи субвенциите, но како што рекол нашиот народ, на лагата и се кратки нозете и затоа те прашувам јавно :
Кој е сега крив што не Ви се исплатени сеуште субвенциите, опозицијата или буџетот кој што го исцицавте за златни чинии и тендери во четири очи?
Затоа ПРЕКИНЕТЕ со измислување на нови лаги и ПОД ИТНО исплатете им ги субвенциите за земјоделците .
Барем додека сеуште тие пари имаат некоја вредност, стои во коментарот на Трипуновски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close