fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Нема аргати да се собере тутунот, иако дневница е и до 200 денари на час

Тутунарите велат дека не можат да издвојат повеќе пари за аргатите затоа што и кај нив е ограничена добивката

Тутунарите постојано бараат аргати за да се собере тутунот, но и тие тешко се наоѓаат, иако намните работници од час добиваат од 180 до 200 денари.

Тутунарите и годинава се соочуваат со овој проблем, а тоа е недостигот на работна рака од аргати. Поради тоа стравуваат дека од 10 до 15% од производството може да остане ненабрано.

„Тешка физичка работа, мачна работа и луѓето ја избегнуваат за овие пари кои може да сега да ги добијат, а производителите од друга страна не можат да издвојат повеќе пари затоа што и кај нив е ограничена добивката. И тоа што ќе се набери, вработените и газдите, поради немање на работна рака, одат и по 2 смени. На овие пари на аргатите, тутуноберачи плус им даваме и доручек, сокче и благо и пак не доаѓаат за работа, тешко е многу, тутунот веќе не се исплаќа, велат тутунопроизводители од Прилеп.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close