Нема да има промена на цената на електричната енергија
И покрај зголемувањето кај соседите нема да има промени на цената на електричната енергија кај нас, бидејќи ниедна од енергетските компании нема доставено барање до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) дека ги зголемиле трошоците, потврди за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
И покрај зголемувањето кај соседите нема да има промени на цената на електричната енергија кај нас, бидејќи ниедна од енергетските компании нема доставено барање до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) дека ги зголемиле трошоците, потврди за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
-Гледаме дека во Србија цената се зголеми за 7,9 отсто што значи дека генерално и регионалните енергетски компании се соочуваат со тешка година на намалени приходи, а зголемени расходи, изјави Бислимоски.
Фокусот на РКЕ и цела енергија, потенцира, е насочена кон проширување на опсегот на листата на ранливи потрошувачи да добијат финансиска помош за подмирување на сметките токму на оние на кои им е најпотребно.
-Во моментов се врши дефинирање на категориите на кои ќе им бидат намалени сметките за електрична енергија. Една од таргетираните категории се семејства каде има еден пензионер со минимална пензија (прва група) и истата е единствен приход, појасни Бислимоски.
Од 1 февруари цената на електричната енергија во Србија е повисока за 7,9 отсто иако беше најавено дека цената на струјата ќе се покачи за 3,4 отсто. Потоа стигна владина уредба со која потрошувачите од 1 јануари годинава имаат повисоки сметки заради зголемувањето на поддршката за повластените производители на електрична енергија. Овој надомест е зголемен за речиси четири пати од досегашните 0,093 динари на 0,437 динари по киловат потрошена електрична енергија со што покачувањето на цената достигна до 7,9 проценти.
Сепак, цената на струјата во Србија е за 7 отсто пониска отколку во земјава, 18 отсто пониска отколку во БиХ, 24 отсто од Албанија, 35,8 отсто отколку во Бугарија, 79,97 отсто пониска отколку во Хрватска, 85 отсто од Романија и 125 отсто пониска отколку во Словенија.