fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Нема џабе работа и во државно и во приватно – кој работи во недела ќе биде платен!

Освен работодавачите во приватниот сектор, повисоки дневници ќе исплаќа и државата за вработените во јавниот сектор за кои ќе бидат потребни дополнителни 8,4 милиони евра годишно или 700 илјади евра месечно од државниот буџет.

Нацрт-законот за неработна недела е поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР и во тек се забелешки и коментари на јавноста во однос на истиот. Законот за прогласување на недела неработен ден всушност е измена на Законот за работни односи, во членот 134, каде се дефинира дека недела е неработен ден, ако со друг закон или колективен договор не е поинаку решено.
Во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи освен причините за донесување на законот, цели, начела и основни решенија се наведуваат и финансиските импликации врз Буџетот. Бидејќи сега освен работодавачите во приватниот сектор, повисоки дневници ќе исплаќа и државата за вработените во јавниот сектор за кои ќе бидат потребни дополнителни 8,4 милиони евра годишно или 700 илјади евра месечно од државниот буџет. Станува збор за дејностите во јавниот сектор кои вообичаено работат во недела, како што е јавната управа, инспекцијата, одбраната, судовите, полицијата, пожарникарите, здравството, социјалната заштита со сместување, музеите, царинската служба, но и оние кои работат во зоолошки градини и природни резервати.
– За спроведување на овој закон, се потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот на Република Северна Македонија. Врз основа на расположливите податоци за бројот на вработени во јавен сектор, кои би работеле во недела (30%), просечната плата во земјата, се проценува дека фискалните импликации би изнесувале околу 43.100.000 денари месечно, односно 516.600.000 денари на годишно ниво, стои во оценката за финансиските последици врз буџетот и другите јавни финансиски средства.
Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерацијата на Македонија, за ВЕЧЕР коментира дека овој закон ќе има финансиски импликации врз Буџетот, бидејќи има дејности од јавниот сектор кои мора да работат во недела.
-Овој пат државата не можеше да го изземе јавниот сектор од овој закон, како што тоа го направи со К-15, односно ја избегна обврската за исплата на регрес за годишен одмор. Од друга страна, пак, и приходите на државата кои доаѓаат од даночните обврзници ќе имаат намалување поради недела неработен ден, вели Бошков.
Тој смета дека во овој момент и во состојба на развој на економијата ние не би требало да си дозволиме ваков закон со оглед на тоа дека е предвидено работниците кои ќе работат во недела да користат друг ден од неделата за одмор.
-Можеби е добра одлуката за одложување на примената на овој закон од јануари наредната година. Пандемијата ќе се смири, ќе биде олеснета примената и ќе има флексибилност. Но, секако, треба да се има предвид дека може да доведе до намалување на работните места, вели Бошков.
Освен шопинг моловите, во недела ќе работат и голем број на услужни дејности и дејности од индустријата. Работниците кои ќе работат во недела освен повисока дневница имаат право и на користење на слободен ден во наредните седум дена. Додатокот на плата за работа во недела изнесува најмалку 50 отсто за секој час поминат на работа доколку со закон и колективен договор не е утврден повисок износ на додатокот.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close