Месната индустрија бара укинување на увозните давачки за замрзнато свинско месо за преработка

(Oвој напис е објавен на: March 4, 2017)

mesnata industrija bara ukinuvanje na uvoznite davachki za zamrznato svinsko meso za prerabotka

Производителите на месо и месни преработки бараат од Владата да се укинат давачките и царината за замрзнато свинско месо за преработка само за компаниите кои оваа суровина ја користат за производство на колбаси, салами и други месни производи. Ако не се укине оваа давачка, според Стопанската комора нашите производители на месни производи може да станат неконкурентни, затоа што поради пониските давачки во соседството месните готови продукти од Србија, Бугарија и останатите земји ќе бидат поефтини од нас.

„Состојбата е алармантна особено што сега во соседството веќе е укинат прелвманот и со тоа ние сме со 20 отсто повисока цена на увозната суровина отколку тамошните произведувачи. Ако остане состојбата ваква, тие сметаат дека негативните последици ќе се почувствуваат до крај на годинава.“ – изјавува Васко Ристовски, Стопанска комора

Share Button