Нема одлука за еколошка такса за дизелот, Владата размислува за создавање еколошки фонд
„Не станува збор за зголемување акцизи, туку за еколошки такси меѓу кои се размислува и за нафттените деривати, за кои се уште нема одлука на Владата“, рече Бесими.
Владата се уште нема донесено одлука за вовведување еколошка такса за дизел горивата, изјави денес на прес конференција министерот за финансии Фатмир Бесими, одговарајќи на новинарски прашања.
Тој додаде дека во интерес на јавноста, во Владата се прават сеопфатни анализи во однос на владината еколошката агенда за зелена транзиција и инвестирање во обновливи извори на енергија и создавање на еколошки фонд за зелен развој.
„Не станува збор за зголемување акцизи, туку за еколошки такси меѓу кои се размислува и за нафттените деривати, за кои се уште нема одлука на Владата“, рече Бесими.
Тој додаде дека откако ќе се завршат сите анализи, ќе се дискутира со сите чинители вклучувајќи ги и стопанските комори.
Во однос на можно намалување на ДДВ за електричната енергија тој рече дека се уште нема одлука, но дека Владата ги следи барањата на пошироката јавност и состојбите на пазарот на електрична енергија.
Инаку, претходно ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата дека се воведува нов данок при увоз на дизел гориво, со што дизелот трајно ќе поскапи за 4 денари.
„Со Ребалансот на буџетот Заев предлага воведување на нова давачка, нов данок, надомест при увоз и производство на дизел гориво од 4 денари по литро. Со овој нов данок дизел горивата трајно ќе поскапат за 4 денари“, е вели во партиското соопштение.
Од партијата додадоа дека од ваквата мерка се планира за половина година да соберат речиси 27 милиони евра, односно околу 54 милиони евра за една година, а тоа најмногу ќе ги погоди земјоделците, транспортерите и граѓаните.
Бесими не поссочи колку пари во Буџетот се очекуваат по оваа основа.