fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Нема повеќе поевтини цигари: Фри-шопот на Евзони ја укина продажбата на тутун

Фри-шопот на граничниот премин Евзони ја укина продажбата на цигари и тутун од 31 декември 2025 година, поради израмнување на цените и регионални мерки против шверцот.

Фри-шопот на граничниот премин Евзони ја укина продажбата на цигари и тутун од 31 декември 2025 година, поради израмнување на цените и регионални мерки против шверцот, објави Независен.

Патниците кои со години купуваа цигари и тутун од фри-шопот на граничниот премин Евзони отсега ќе останат без таа можност. Според информации од медиумите во соседството, од 31 декември 2025 година е прекината продажбата на овие производи во продавницата на преминот.

Изгубена ценовна предност

Надлежните институции појаснуваат дека цигарите и тутунските производи се повлечени од понудата затоа што нивните цени речиси целосно се израмниле со оние во Грција. Со тоа, фри-шопот ја изгубил клучната предност што со години го правеше атрактивен за патниците.

Усогласување на акцизите и борба против шверцот
Фри-шопот во Евзони долго време важеше за омилена дестинација за купување поевтини цигари и тутун, но со новата состојба ваквата разлика повеќе не постои. Одлуката е дел од пошироките регионални напори за усогласување на цените на акцизните производи и зајакнување на борбата против шверцот и нелегалната трговија со тутун. Патниците кои ќе поминуваат преку овој граничен премин ќе мора да се прилагодат, бидејќи финансискиот мотив за вакви купувања повеќе не постои.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close