fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нема веќе кравјо сирење под 200 денари и урда за 100 денари

Овчото сирење и кашкавалот станаа луксуз

Поскапувањата никако да запрат по растот на цените на млекото, пораснаа и млечните производи. Граѓаните велат дека цените на млечните производи се зголемени во просек по 20 денари за килограм. Нема веќе сирење под 200 денари за килограм и урдата од 100 денари за килограм. Од млекарниците велат дека поскапувањето на млечните производи се должи на порастот на млекото, електрична енергија, транспортот. Според сточарите, пак, откупната цена на суровото млекото сè уште не зголемена, се очекува наскоро и таа да се зголеми и да има дополнителен раст на цената на млечните производи.

Поскапувањето на млечните производи, како што велат граѓаните е забележано речиси во сите маркети, како и во млекарниците на зелените пазари. Велат дека цената на кравјото сирење е зголемена за 30 денари, а на урдата за 20 денари за килограм

Веќе ме фаќа уплав од цените во маркетите. Освен млекото последниве денови драстично се зголемени и цените на млечните производи. Јогуртот од 46 се качи на 52 денари за литар, киселото млеко за два-три денари за 400 грама, а кравјото сирењето за минимум 30 денари…За овчо сирење и кашкавал да не правиме муабет, бидејќи немаме пари за нив. И покрај тоа што рекоа дека маржите се ограничени, цените не престануваат да растат, вели една купувачка во маркет.

Најевтиното кравјо сирење од 170 се качи на 200 денари за килограм, а урдата од 100 на 120 денари за килограм, овчото сирење од 300 на 350 денари за килограм.

Сточарите, пак, велат дека зголемувањето на цената на млечните производи не се должи на зголемувањето на цената на суровината, туку на трошоците за производство на преработувачите.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close