fbpx
Вести

Непостојаност на откупните цени на примарните земјоделски производи

Откупните цени на примарните земјоделски призводи се резултат на различни фактори. Во “уредени”пазарни односи, откупот претставува најважен продолжен канал, а со помало значење се продажбата на “зелените пазари”, продажба од врата на врата и други облици, бидејќи кај откупот производите се откупуваат од овластени (од државата) откупни субјекти. Претпоставуваме дека во Македонија, откупот на примарните земјоделски производи се базира на здрави пазарни основи. Поради тоа, сакавме да направиме неколкугодишна компарација во движењето на откупните цени на 24 најважни производи, кај кои најчесто се оспорува висината на откупната цена од страна на производителите, дека е ниска и дека таа не обезбедува економично производство. Избраните производи се: 3 производи од жита, 4 производи од зеленчук, 5 овоштарски и лозарски производи, 2 производи од фуражните култури, 2 индустриски култури и 8 добиточни производи.

Вредноста на вкупниот откуп во овие 5 години (од 2012 до 2016 година) се движи од 13,307 милијарди денари, (2012 год.) до 16,035 милијарди денари, (2016 год,) и  покажува постојано задолжување на вкупната вредност. Во 2016  година зголемувањето е за 20,5 %.

Откупната цена е пресметана како однос на вредности на вкупниот откуп кон откупениот вкупен обем на производите (откупот и откупната вредност во статистичкиот годишник на РМ 2017 година може да се видат  одделно за индивидуалните земјоделски стопанства, како и вкупно. Ако се сака да се види што и колку е откупено од земјоделските претпријатија и задруги, податоците за индивидуалните земјоделски стопанства се одземаат вкупните врености.

Откупната вредност на производите кај индивидуалните земјоделски стопанства изнесува – 2012-7,924 милијарди денари, и респективно  -7,990 милијарда денари, 8,16 милијарди денари, 10,533 милијарди денари и 2016 10,714 милијарда денари.

ДВИЖЕЊЕ НА ОТКУПНИТЕ ЦЕНИ НА НАЈВАЖНИТЕ ПРИМАРНИ ПРОИЗВОДИ

 

Тоа покажува дека на откупниот пазар , доминира  понудата и продажбата  на индивидуалните стопанства со следно процентуално учество во вкупната откупна вредност. – 2012 година со 63,2, 2013-76,1%,2014 со 68,7%, 2015-42,0% и 2016 со 49,7%.  Доминантниот однос е сериозно ублажен, како резултат на релативно намалена вредност на откупот кај индивидуалните производители особено во 2016 година во однос на 2013 година.

Интересно е движењето на структурата на откупните вредности по групи култури формирани од статистиката, пришто вкупните вредности  на производите, (вкупно и кај индивидуалните производители) се групирани во 5 групи според припадноста на производната гранка со застапени најважни производи од групите.

 

 

Од горните податоци треба да се набљудуваат особено нестабилните откупни вредности кај индивидуалните стопанства, каде кај откупените жита е двојно помала во 2016 година во споредба со 2012 година, но релативно стабилни откупни вредности, а и пораст има кај млекото и млечните производи, како и кај зеленчукот. Откупната вредност на житата е резултат на силно намалената количина од 110,483 илјади тона во 2015 година, вкупниот откуп во 2016 е само 80,766 илјади тони. Покрај тоа обемот на производство на жита нешто е зголемен, меѓутоа откупната цена во 2016 година е намалена кај пченицата и оризот за 1,42 односно за 6,79 денари за килограм.

Споредувајќи ја откупната цена помеѓу 2012 година со пет години покасно, 2016 год. (таб.1)може да се заклучи дека кај житата настанало сериозно опаѓање. Кај добитокот и добиточните производи, кај некои откупната цена е повисока но поголем број откупни цени се помали во 2016 година. Кај зеленчукот е зголемена цената кај доматите како и кај краставиците. Добиточната храна-луцерката во 2016 година е откупувано за повеќе од 2 денари по килограм во споредба со 2012 година. Кај јаболката за јадење откупната цена е повисока во 2016 година, но кај јаболката за преработка двојно е намалена. Грозјето за јадење имало повисока откупна цена во 2016 година за 0,97 денари по килограм, додека грозјето за преработка (чиј откуп секоја година е проблематичен поради цената) исти така била повисока за 0,97 денари по килограм, но и во сите години по 2012 цената на откупот била повисока. Сериозно зголемување покажува на откупната цена на виното од 51,6 денари по литар на 93,0 денари по литар. Кај откупот на тутунот од 2012 година до 2015 цената  стагнирала, но во 2016 е зголемена за околу 10 денари по килограм. Кај сончогледот откупната цена перманентно опаѓа, па во 2016 година била пониска за над 10 денари по килограм.

Разбирливо е откупните цени да се разликуваат по години, бидеќи зависи од обемот на побарувачката и понудата, но и од висината на приносите на кои  метеоролошките услови различно влијаат по години. Сериозен недостаток на нашиот откупен пазар е што откупувачите (релативно мал број) се организираат ,дури и создаваат и договорен монопол, додека другата страна во лицето на индивидуалните производители не е организирана истапуват поединечно и стануваат жртви на уцени. Во последните години кон формирањето на договорниот монопол придонесува и Владата во чие име министерот за земјоделство ги организираше откупувачите со намера да формираат единствена откупна цена? Притоа се исклучува можноста за влијание на пазарот, преку понуда на некои откупувачи да понудат повисока цена или други погодности, а тоа се вика конкуренција.

 

Проф.Д-р . Борис Анакиев    

 


 

faktor.mk

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close