Нестабилното  време продолжува и во наредните денови

(Oвој напис е објавен на: June 18, 2019)

 

До четврток во попладневните часови ќе се задржи променливо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи, информираат од УХМР.

Подигнвањето на  дневните температури над 30 оС, предизвика отпочнување на зреење на есенскиот јачмен, кој вообичаено во овој период, минатите години бил и во полна зрелост и се вршела жетва на истиот, што не е случај оваа година заради зимската и пролетната суша, пред да настапат врнежите. Ваквите температури ќе допринесат за зголемување на шеќерните единици кај овошките , но и тешкотии при заштитата на истите од болести и штетници на што земјоделските производители треба да обрнат посебно внимание.

Во наредниот период ќе имаме слични временски услови, со локален дожд во попладневните часови а на места пропратен и со невреме, заради зголемените температури и високата влага на воздухот како и зголемената енергија во атмосферата што може да допринесе и појава на град. Оваа состојба ќе ги принуди земјоделците и во наредниот период со заштитата од болести и штетници. Температурите на воздухот се очекува да бидат за неколку степени пониски од викендов но пак се очекуваат тие да бидат над 30 оС. Ваквите температури ги раздвижија и работите во пчеларстовото, особено при развојот на младите семејства, медењето на липата и други видови кои се во фаза на цветање.

Високите температури во наредниот период ќе допринесат за загревање на почвата на 5 см длабочина со температури кои се движат од 26-34 оС, информираат на веб страницата на УХМР.

Share Button