вести

За еден месец откупени над 10.000 тони тутун

За еден месец откупувачите откупиле над 10 илјади тони тутун. Заклучно со вчерашниот ден кај деветте откупувачи постигната е просечна цена од 186 денари за килограм, соопштија од министерството за земјоделство.

za eden mesec otkupeni 10 000 toni tutun

 

Претставници од Државниот инспекторат се на терен и го следат откупот. Велат дека исплатата на актуелната реколта е реализирана со 76% или до сега се исплатени 23,3 милиони евра. Динамиката се одвива без проблеми и според договорите. Според досегашната проценка се очекува да бидат откупени над 20 илјади тони тутун до законскиот рок кој истекува во март.

Откупот се врши на вкупно 186 ваги на 152 откупни места.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close