fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бачовски објави повик до одгледувачи на педигрирани кози и овци да аплицираат за финансиска поддршка

Максималната финансиска поддршка за оваа мерка е до 6.500.000 по поединечен корисник.

Директорот на АФПЗРР Никица Бачовски објави повик до фармерите, одгледувачи на педигрирани кози и овци да аплицираат за добивање на финансиската поддршка за набавениот добиток.
-Ги повикуваме сите фармери кои во период од септември до декември 2020 година набавиле педигрирани кози и овци да аплицираат за добивање на финансиска поддршка за набавениот добиток.
Максималната финансиска поддршка за оваа мерка е до 6.500.000 по поединечен корисник. Поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.
Барањата се поднесуваат електронски со регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk
Повеќе информации на www.ipardpa.gov.mk
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close