fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

НФФ: Жетвата на пченицата почнува, откупот е неизвесен

Жетвата на пченицата започнува, но откупот на пченицата е неизвесен. Од една страна климатските промени го намалија производството на пченица, а од друга страна цената на пченицата не е јасно дефинирана, предупредува НФФ.

 

Пред самиот почеток на жетвата Националната федерација на фармери преку својот потсекторски  систем ги анализира состојбите со пченицата и предизвиците со кои се соочуваат последиците.   Најголем  проблем со кои се се соочувуваат поледелците се климатските промени, односно брзите промени на температурата, каде што има прво суша, па дожд. На ваков начин, како што велат земјоделците, се прави стрес на пченицата и се губи во квалитет на производот, a се појавуваат и болести. Голем проблем за нив е продажната цена односно со години на назад производната цена е повисока од продажната. Според земјоделците оваа година се очекува квалитетен род. Според нивните пресметки и во зависност од регионот просечната производна цена на пченицата изнесува 9-12 ден по кг.

Врз основа на оваа анализа НФФ подготви препораки кои ги доставува до јавноста и ги достави и до потсекторската група за житни култури во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во која покрај поледелци членуваат и млинари. НФФ ги даде следните препораки:

  • Минималната цена за пченица по кг треба да биде 12 денари. На ваков начин ќе се заштитат малите производители на пченица, кои во најголем дел ја произведуваат македонската пченица односно од вкупно 105.061 земјоделски стопанств, 104.853 се земјоделци, кои произведуваат пченица на површина од 1 до 3 хектари, а 208 се деловни субјекти.
  • Доколку производната цена е повисока од откупна да се постапи согласно Законот за земјоделство и рурален развој, односно да се спроведе интервентен откуп.
  • Државниот  инспекторат за земјоделство да врши зачестени контроли на откупните пунктови и посебно да се вршат контроли во делот на издавање на кантарни белешки, склучување на договри и почитување на берзанските откупни цени на пченицата. Воедно, бараме ваква препорака да биде дадена и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Државниот инспекторат за земјоделство.
  • Поради настаната ситуација со Ковид Кризата со цел да не се доведе државата во ситуација да нема резерва на пченица , Агенцијата за стокови резерви да излезе со информација колку резерви имаме државата со пченица и да спровде постапка за откуп на пченица во текот на самата жетва. Воедно, бараме ваква препорака да биде дадена и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Агенцијата  за стоковни резерви.

Извор: НФФ

Слични написи

Back to top button
Close