fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Никој не се пожалил за цената на бурекот и на белите печива, вели Бектеши

Се надевам дека со донесувањето на Законот за нефер трговски практики ќе се средат правилата во трговијата на големо и на мало и сметам дека за овој закон ќе гласаат сите пратеници – додаде Бектеши.

Во Министерството за економија, но во извештаите од пазарните инспектори нема поплаки за зголемени цени на белите печива, порача министерот за економија Крешник Бектеши, прашан дали во целост се почитуваат замрзнатите цени и дали е запознат со податокот дека и покрај тоа што и брашното е во групата на замрзнати производи, граѓаните реагираат дека има зголемување на цените на белите печива?

– Кај нас нема такви поплаки, а такво нешто не сум видел и во неделните и месечните извештаи на ДПИ. Ако има таков проблем, тоа треба да се исконтролира. Се надевам дека со донесувањето на Законот за нефер трговски практики ќе се средат правилата во трговијата на големо и на мало и сметам дека за овој закон ќе гласаат сите пратеници – додаде Бектеши.

https://www.slobodenpecat.mk/

Фото: Профимедиа

Слични написи

Back to top button
Close