Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Никола Андов сточар доби грант до 10.000 евра со чија помош ќе ги оствари своите бизнис планови
Никола Андов е млад земјоделец, сточар. Тој има 37 молзни крави од расата Холштајн- Фризиска кои ги одгледува во Венуле-Црквино и уште 163 во с.Попадија-Чашка.
Сите одобрени грантови, за мерката „Млад земјодлец“, се врз основа на добри деловни планови кои имаат развојна компонента, го таргетираат домашниот пазар, користат сопствени ресурси и имаат компонента за модерно производство, со примена на добри земјоделски практики и грижа за животната средина.
Никола Андов е млад земјоделец, сточар.
Тој има 37 молзни крави од расата Холштајн- Фризиска кои ги одгледува во Венуле-Црквино и уште 163 во с.Попадија-Чашка. Значи вкупно 200 грла, што е одличен капацитет и ја заслужува поддршката од државата. Поседува и мала површина засеана со јачмен во Црквино и има план површината да ја зголеми и да може самиот да произведува храна за говедата.
Неговиот деловен план е во насока на сертифицирано органско сточарско производство, за што му е потребна модерна сточарска опрема.
Му благодариме на Никола, што ја препозна поддршката од државата, уредно аплицираше на повикот и доби грант до 10.000 евра со чија помош ќе ги оствари своите бизнис планови.