fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нема субвенции за сточарите, ситуацијата на терен алармантна

Ситуацијата во овчарството е алармантна, положбата на одгледувачите е крајно тешка, оценува првиот човек на Сојузот на одгледувачи на овци, Никола Ѓеоргиев.

Ситуацијата во овчарството е алармантна, положбата на одгледувачите е крајно тешка, оценува првиот човек на Сојузот на одгледувачи на овци, Никола Ѓеоргиев.

Во дописот испратен до Министерството за земјоделие, првиот човек на Сојузот вели дека сточарите очекуваат итна исплата на субвенциите за овчарство.

-Протестот кој се случи во Полошкиот регион ние како Сојуз не сме го поддржале, но, ни под разно не би го осудиле. Нашата определба е мирно, конвенционално и демократски да ги решаваме проблемите, но не ја исклучуваме можноста да би дејствувале на било каков начин, со цел остварување на нашето со закон загарантирано право, директните плаќања. За компарација минатите години основна мерка добивавме во месец февруари, со цел да се избегнат радикалните начини на дејствување од страна на овчарите, што верувајте ние најмалку го одобруваме и покрај фактот што постојано имаме притисоци од сите делови на републикава за солидаризирање со сточарите од Полошкиот регион, се вели во дописот на Сојузот.

Во исто време од Сојузот потсетуваат и за неоствареното ветување на сточарите да им се исплатат дополнителни субвенции за оставено женско јагне.

-Лани од страна на тогашниот министер господинот Трајан Димковски и неговиот кабинет, како солуција беше прифатено субвенциите за подмерката за зачувано женско јагне во 2020 година, да се зголемат на 1.500 денари, со што би се амортизирала понудата во тековниот шпиц. Начинот на исплата се договаравме да биде во август 2020 година, мерката продуцираше одреден резултат што во земјава беа зачувани рекордни 190.000 приплодни јагниња, додека останатите се успеа да се извезат.

Споменатите покачени субвенции за приплодни грла, заедно со останатите мерки од 2020 година, се уште не ни се исплатени. Сточарите за да ги одгледаат зголемените стада, во вака исклучително тешка година, со зголемени цени на сточна храна и продолжени зимски услови- се задолжени до последен за да се справат со ситуацијата, наведува Ѓеоргиев.

На крај во дописот Сојузот единствено се заблагодарува за ангажман на МЗШВ околу овогодинешниот откуп на јагнето, со тоа што резултатот е очигледен- овогодинешната откупна цена е за скоро 20% повисока од минатогодишната.

-Но, верувајте, не е ни тоа доволно додека се исплатат субвенциите за покривање на трошоците на одгледувачите, и токму заради тоа ви пишувам да ви ја доловам ситуацијата во која се наоѓаат сточарите, и да го оправдам изборот за протест- како знак на алармирање за тешката положба во која се наоѓаме.

Анета Блажевска

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close