fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Николче Талевски-Корона кризата не е пречка за подготовки за новото производство на тутунот

Оваа пролет и покрај корона кризата непречено течат земјоделските  работи околу  подготовката на расадот за тутун.  

 

 Николче Талевски (44) е земјоделец од селото Новаци, Пелагониско, на 100 м2 во неговиот двор го подготвил расадот за тутун за новата реколта 2020. Годинава  на површина од околу 1 хектар, Талевски  планира да произведе 2  тони тутун. Најголем дел од  ланското производство му е проценето прва класа.

-Ги подготвивме леите, расадот го насадивме на 21 март, за десет дена почна да излегува на површина, иако времето залади, па процесот одеше побавно. Се работам машински, потоа ги покривам леите со превриено арско ѓубре и прскам билки поради тревата. Секој ден го прскам расадот со топла вода, бидејќи под најлони земјата е топла, и не смее да му се направи шок. Земјоделците знаат дека расадот на нива се пресадува од 45 до 50 дена од никнување, што значи започнуваме во првата половина на мај и до крајот на месецот завршуваме. Така цела пролет имаме работа околу подготовките за новата реколта. Најтешкото доаѓа на лето кога тутунот ќе стаса за берба, вели Талески.

Корона кризата не е пречка за подготовките за новото производство на тутунот. Талевски вели, се е што им треба да земјоделците е снабдено во земјоделските аптеки, така што нема простор за загриженост.

-Се сложувам со тоа дека земјоделските работи мора да продолжат и покрај случувањата со корона кризата. Сега се такви активностите што на нива одам сам и работам со механизација. Нема групирање на нивите, нема ризик по здравјето, вели Талевски.

Да не се увезува тутун додека не се откупи домашното производство

Талевски смета дека државата не смее да прави увоз на тутун се додека не се откупи тутунот од домашните производители.

-Годинава до Нова година беше се во ред, а после тоа имаше прекин во откупот на тутунот. После тоа падна цената, малку беше проблематично. Треба државата прво да го откупи целиот тутун од нашите производители, а после тоа да увезува од соседните земји, смета ова наш тутунопроизводител.

Тој е еден од ретките тутунопроизводители кој во текот на сушењето на тутунот користи современи скелиња направени од провиден  плексиглас, а не од најлон што овозможува да го скрати сушењето на низите за 4 до 5 дена.

 

Анета Блажевска

 

Слични написи

Back to top button
Close