Николоски: „Следните протести од тутунарите, ќе ги предводам јас лично“
Доколку продолжи овој однос, еве да најавам, и на Ковачевски, и на Љупчо Николовски дека јас лично ќе ги предводам овдека протестите, заедно со пратениците и градоначалникот и со цел народ кој сака да дојде и да ни се приклучи затоа што ова е убивање на цел еден град и цел еден регион“, – изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, од најтутунскиот град во Македонија, Прилеп, денеска им порача на премиерот Ковачевски, како и на актуелниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски дека тој лично ќе ги предводи протестите на тутнарите доколку Владата продолжи со погубните политики за тутунопроизводството, особено со се уште неисплатените субвенции само за тутунарите, пишува https://alfa.mk/
„Веројатно сме единствената држава во светот каде што за проблемите на власта виновна е опозицијата. Епското бегање од парламентарни избори покажува дека граѓаните не веруваат во тие глупости. Доколку продолжи овој однос, еве да најавам, и на Ковачевски, и на Љупчо Николовски дека јас лично ќе ги предводам овдека протестите, заедно со пратениците и градоначалникот и со цел народ кој сака да дојде и да ни се приклучи затоа што ова е убивање на цел еден град и цел еден регион“, – изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, македонските тутунари се уште чекаат на исплатата на субвенциите за родот од ланската реколта, иако нивната работа за годинашното произвдство им е во полн ек. Дека состојбата им е повеќе од алармантна, зборува и фактот што пред неколку дена со јавен апел се обратија и од Сојузот на земјоделски здруженија кои побараа од Владата итна исплата на субвенциите, а кои доцнат веќе подолго од два месеци. Според претседателот на Сојузот, Менде Стомнароски, освен се уште неисплатените субвенции, годинава проблем се и непроменетите, ниски откупни цени, заради што бараат задолжиртелно покачување за 20-25 проценти. Во спротивно, се закануваат дека годинава произведениот тутун нема да го предаваат на откупувачите.