Николоски: ВМРО-ДПМНЕ предвидува поддршка на земјоделството
Значајни работи кои што сака идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ги направи, и во делот на производството на тутун, и во делот на производство на грозје и вино, во делот на раноградинарски култури, праски итн.
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 во јавување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
„Во четворката предвидуваме и инфраструктурно поврзување тука е пред експресниот пат Прилеп – Градско кој што седум години актуелната власт не успеа да го заврши. Понатака автопатско решение на Прилеп до Битола и граница со „Меџитлија“, значи нешто плус од ова што се предлага имајќи в предвид дека ние нема да бараме како Артан Груби провизии од 20% и од прилика е толку разликата. Ние не планираме да бараме провизии значи ќе има простор за повеќе да се изгради“, појасни Николоски.
Николоски додаде дека третиот фокус во изборната единица 4 е земјоделието. Најголем дел од земјоделското производство во Македонија е токму во изборната единица 4. За тука се предвидени значајни работи кои што сака идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ги направи, и во делот на производството на тутун, и во делот на производство на грозје и вино, во делот на раноградинарски култури, праски итн.
.