fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски бара ажурност од вработените во Подрачните едници на МЗШВ

КОЛКУ СТЕ ЗАДОВОЛНИ од работата на подрачните единици на МЗШВ во вашиот крај???

Министерот Љупчо Николовски упати отворено писмо до подрачните единици на МЗШВ, и до Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.
-Сега, како никогаш досега потребна е вашата максимална посветеност во реализација на интервентните пакет мерки за земјоделците. Потребно е навремено и точно да го информирате секој земјоделец, за можностите и начинот како да ги искористат мерките кои ги нудиме како финансиска поддршка.
Вашата заложба сега е од посебно значење за земјоделците, но и за целата држава. Во ова време на глобална економска криза, како и во време на војна во Украина, наша обврска и задача е да изнајдеме начин и да ги ублажиме последиците.
Со пакетот Интервентни мерки, и Националниот план за производство на храна, ги олеснуваме производствените трошоци на земјоделците, ги зголемуваме приносите и го заштитуваме домашното производство, пишува Николовски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close