Николовски ги додели договорите за поддршка на планските региони – 6,1 милиони денари за подобрување на пристапот до обработливи површини
Министерството распиша јавен повик, на кои можеа да аплицираат сите плански региони, кои се и директни корисници на оваа програма
Министерот за земјоделство, шуамрство и водостопанство, Љупчо Николовски денска на претставниците од планските региони ги додели договорите за поддршка од програмата за капитални субвенции за развој на планските региони за 2023 година.
Вкупно 6,1 милиони денари поддршка, се обезбедува за реализација на капитални проекти во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот и Североисточниот плански регион, преку програмата за капитални субвенции за развој на планските региони за 2023 година. Оваа програма има за цел имплементација на проекти за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.
Согласно програмата, министерството распиша јавен повик, на кои можеа да аплицираат сите плански региони, кои се и директни корисници на оваа програма. Максималниот износ на поддршката по корисник е 4.265.000 денари од вредноста на прифатливите трошоци на проектот. Како прифатливи трошоци се земаат трошоците за изведба и надзор за проекти, кои ќе имаат за цел подобрување на патната инфраструктура во подрачјата со земјоделска дејност и обработливи површини.