fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски и амбасадорката Агелер во Горна Матка и Ржаничино посетија успешни жени земјоделки

„Матка фарма“ е во сопственост на Јасмин и Уран, вредни земјоделци кои произведуваат козјо млеко и сирење

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно  со амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денеска заедно со претседателката на Националната Федерација на Фармери, Васка Мојсовска беа во  посета на успешната земјоделка Јасмин од „Матка фарма“ во село Горна Матка Скопје и Зорица Димовска, жена земјоделка од село Ржаничино, општина Петровец, две успени жени земјоделки со успешни земјоделски приказни.

Матка фарма“ е во сопственост на Јасмин и Уран, вредни земјоделци кои произведуваат козјо млеко и сирење, јајца од кокошки и препелици, фелафел, кајмак, димено сирење, димена риба, слатко од дуња. Вкусни домашно приготвени производи во кои министерот Николовски и амбасадорката Агелер заедно со руралните жени членки на Националната Федерација на Фармери, можеа самите да се уверат на денешниот заеднички појадок на „Матка фарма“.

Јасмин и Уран се млади земјоделци, корисници на субвенции за поддршка во сточарството, а со мерките кои ги преземаме поттикнуваме уште повеќе млади луѓе да се занимаваат со сточарство како гранка која е профитабилна и просперитетна. Нивната Матка фарма“ е наменета за рурален туризам, која топло ви ја препорачуваме како ваша следна дестинација при посетата на Матка.  

Како министерство водиме грижа и преку повеќе мерки даваме поддршка до секој еден земјоделец, како и поддршка на руралниот развој, поддршка за младите земјоделци и за жените земјоделки од руралните средини. Со Правилниците за продажба од праг, овозможуваме малите производители и руралните жени на легален начин да можат да ги продаваат своите убави и автентични производи.

Во текот на денот министерот Николовски и амбасадорката Агелер  беа во  посета на фармата од Зорица Димовска, која е уште еден успешен пример на успешна жена земјоделка.

 

Таа одгледува крави и има своја мала млекара во која го произведува вкусното бурата сирење. Зорица го напуштила градот и метежот и заедно со нејзиното семејство се преселиле во село Ражаничино, каде работат само земјоделство. Зорица е корисник на мерката рурална жена со која обезбедуваме грантови до 6000 евра, но исто така и корисник на мерката за поддршка до 75% во изградба на мандри на бачилата, мерки за поддршка преку Програмата за рурален развој.

 

Како министерство креиравме и програма за поддршка на малите производители на храна со грантови до 10.000 евра за набавка на опрема за производство. За нас жената земјоделка има посебна важност и овие години заедно во соработка со НФФ креираме мерки и политики за подобрување на статусот и условите за руралната жена. Во таа насока за прв пат преку програмата за мајчинство на министерството овозможивме услови за право на платено породилно отсуство за жената земјоделка. 

 

Продолжуваме да бидеме силна поддршка на секоја жена земјоделка која живее и вредно работи во руралните средини, а нивните успешни приказни со гордост ги раскажуваме, промовирајќи ги нивните убави домашно подготвени производи.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close