fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски-Исплата на млекото по квалитет и поддршката за грло говеда од 2.800 на 3.100 денари по грло

Од оваа година како редовна мерка се воведува субвенцијата за дополнителна мерка за заклано јагне во регистриран кланичен капацитет во период од 1 јануари 2022 до 31 мај 2022, во износ од 400 денари по јагне.

-Прв пат се воведува дополнителна субвенција за млеко по квалитет. Ако досега производителите на кравјо млеко кои произведуваа млеко со екстра класа добиваа поддршка од 3,5 денари по литар, од сега ќе добиваат 4,5 денари по литар. Поддршката за овчо и козјо млеко се зголемува од 4,5 денари по литар на 5,5 денари за литар. На овој начин ги стимулираме производителите на млеко да произведуваат квалитетно млеко, што ќе влијае на зголемување на откупната цена на млекото, но и на вкупната млечна индустрија, нагласи министерот Љупчо Николовски.

Ќе се зголеми, рече, и поддршката за грло говеда од 2.800 на 3.100 денари по грло.

-Во тој конетекст, од оваа година како редовна мерка се воведува субвенцијата за дополнителна мерка за заклано  јагне во регистриран кланичен капацитет во период од 1 јануари 2022 до 31 мај 2022, во износ од 400 денари по јагне. Со воведувањето на оваа мерка ќе зголемат контролите во овчарството преку дополнителни проверки на бројот на заклани јагниња во однос на бројот на пријавени грла овци. Со цел да се избегнат манипулации од страна трговците и „ловците на субвенции”, кај дополнителната мерка за заклани грла говеда се воведува задолжителен период на чување на животните на одгледувалиштето од три месеци пред истите да се предадат во регистриран кланичен капацитет, информира министерот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close