fbpx
Вести

Мелничарите со мерки за подобрување на состојбата

Мелничарите бараат спроведување на итни мерки за заштита на мелничката индустрија. Субвенции од 2,5 денари по килограм откупена пченица, увезеното брашно да не се пушта во промет доколку е поминат рокот на важење на маркиците, како и контрола на квалитетот на домашното и увезеното брашно во акредитирани лаборатории се некои од барањата . Посочуваат дека компаниите подолг период работат со загуби, а најголем проблем им претставува евтиното увезено брашно.

melnicharite so merki za podobruvanje na sostojbata

 

– Домашните мелничари имаат намера да побараат субвенционирање, и тоа, 2,5 денари по килограм откупена пченица од последната реколта. Се работи за разлика во цена од откупната цена на домашната, во периодот на откуп, во споредба со цената која беше во Србија, од каде што доаѓа најголемиот извоз. – изјави, Васко Ристовски, од Стопанска комора на Македонија.

HeaderImage2

Според податоците од Стопанската комора во изминатите 4 години за 30 % е зголемен увозот на брашно. Најмногу се увезува од Србија. Лани за 11 месеци увезени се над 40 500 тони, односно надминат е увозот од 2014.

И покрај падот на цените на енергенсите кои се клучни во производството на основниот прехранбен производ , од комората не сакаа да кажат дали ќе има корекција во цената на лебот и белите печива.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close