Николовски: Мојот мандат заврши кристално чисто, не сум добил покана за суд
(ВИДЕО) „До Финансиска полиција по однос на еден предмет се доставени сите мои документи, сите оние работи кои што потврдуваат дека воопшто не станува збор за непреземање на обврска од моја страна“, додава Николовски.
Екс министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека неговиот мандат завршил кристално чисто.
„Мојот мандат како министер и како потпретседател на влада апсолутно е беспрекорно законски чист и тоа се гледа по анализите и рангирањето на министерството кое што од последните стана институција која што е на врвот по рангирање на интегритет, и особено сме горди што го ставивме министерството како прво министерство со најсилни антикорипциски практики“, вели Николовски.
Како што вели, досега не добил покана за суд.
„До Финансиска полиција по однос на еден предмет се доставени сите мои документи, сите оние работи кои што потврдуваат дека воопшто не станува збор за непреземање на обврска од моја страна“, додава Николовски.