fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Прегласување во седум избирачки места

Во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 денеска се прегласува за парламентарните избори.

За парламентарните избори денеска повторно се гласа во две избирачки места во Крушево, две места во Долнени, и во по едно избирачко место во Желино, Охрид и Струга. Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4521 избирачи. Вчера гласаа болни и немоќни лица, лица кои се на издржување казна затвор, како и лица сместени во домовите за вонсемејна грижа.

Државната изборна комисија утврди дека ќе има прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица, откако Управниот суд минатиот петок ги отфрли како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ поднесени против решенијата на ДИК.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close