fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски на состанок со претставници од Светска банка за модернизација на земјоделството

Почнување на постапката за модернизација на земјоделството, беше клучна тема на состанокот што утрово го одржа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски со претставници на Светската банка.

Како што објави Николовски на својот фејсбук профил, овој голем и значаен проект опфаќа промовирање на конкурентноста во земјоделскиот сектор, како и изградба на откупно-дистрибутивни центри во Скопје, Ресен и Струмица.

Дополнително, наведува, се зајакнуваат и капацитетите на МЗШВ за управување со земјоделско земјиште во државна сопственост.

-Утрово имав состанок со претставници од Светската банка. Разговаравме за започнување на постапката на проектот за модернизација на земјоделството во Република Северна Македонија. Овој голем и значаен проект опфаќа промовирање на конкурентноста во земјоделскиот сектор, како и изградба на откупно дистрибутивни центри во Скопје, Ресен и Струмица. Дополнително со овој проект ги зајакнуваме капацитетите на МЗШВ за управување со земјоделско земјиште во државна сопственост, ги зајакнуваме имплементирачките капацитети на Платежната агенција, и воведуваме систем за безбедно отстранување на нуспроизводи од животинско потекло. Ја продолжуваме и продлабочуваме соработката, работиме во интерес на граѓаните., напиша министерот Николовски на својот фејсбук профил.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close