вести

Калиманци порибено со над 10.000 парчиња крап

Езерото Калиманци денеска е порибено со над 10.000 парчиња крап или 380 килограми подмладок на крап кое има потекло од Тиквешкото Езеро.

Порибувањето го изврши риболовното друштво Шаран кое беше потпомогнато со 200.000 денари во рамки на програмата за поддршка на невладините здруженија на територија на Општината и по објавениот повик за прибирање на предлог проекти за поддршка.

DSC_0656

Со денешното орибување се збогатува рибниот фонд во Езерото кое, како што наведуваат од Општина Македонска Каменица, ќе резултира со зголемување на бројот на спортско рекреативните риболовци на бреговите на Езерото.

Риболовното друштво во моментот има над 150 членови кои плаќаат по 2.000 денари годишно за да можат да риболоват на бреговите на најголемото езеро во источна Македонија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close