fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Николовски најави промени во исплатата на субвенциите

Секоја недела по поднесување на барање предвидено е да се врши исплата. На пример, од понеделник до петок до 12 часот ќе се вршат прибирања на барањата во Подрачните единици на МЗШВ, потоа истиот ден се праќаат до Платежната агенција, таму се обработуваат од понеделник до среда, во четврток се носат во трезор и веќе петок се исплаќаат

Министерот Љупчо Николовски најави и промени во исплатата на субвенциите.

„Се подготвува и модел за исплата на субвенцијата, за да можат земјоделците навреме да извршат прихрана на посевите под пченица. Односно, секоја недела по поднесување на барање предвидено е да се врши исплата. На пример, од понеделник до петок до 12 часот ќе се вршат прибирања на барањата во Подрачните единици на МЗШВ, потоа истиот ден се праќаат до Платежната агенција, таму се обработуваат од понеделник до среда, во четврток се носат во трезор и веќе петок се исплаќаат.

Дополнително за зголемување на производството и на приносите од пченица, воведуваме неколку измени во постоечката Програма за финансиска поддршка во земјоделство. Сите земјоделци коишто ќе остварат минимум 4.000 килограми приноси по хектар пченица, ќе добијат дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар. Со овие измени се опфатени околу 6.000 производители на пченица со вкупна површина од над 22.000 хектари.. На овој начин ги мотивираме земјоделците навремено и со потребните количини да извршат прихрана на посевите, за да остварат зголемено производство на пченица, и со тоа да придонесат кон вкупното зголемување на производство на пченица.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close