fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски: Очекувам зголемување на цената и до 400 денари за килограм тутун

Цената на тутунот секоја година е во значителен пораст. Така лани просечната откупна цена на тутунот достигна рекордни 290 денари по килограм, што претставуваше зголемување од 45% во споредба со 2022 година, кога беше 200 денари по килограм. И оваа година очекувам зголемување на цената и таа да достигне и до 400 денари за килограм. Повторно ќе кажеме рекордна цена но таа е реална за нашите вредни тутунопроизводители со што покажуваме грижа за нивниот ангжман и посветеност кон оваа важна култура – изјави Николовски.

Пред стартот на откупот на тутунот актуелна тема кај земјоделците е висината на откупна цена која килограм тутун.

Ова е најчестото прашање кое доаѓа до редакцијата на Агротим и затоа побаравме одговор од министерот за земјоделство, Љупчо Николовски дали е извесно која ќе биде цената на тутунот од годинешната реколта.

-Цената на тутунот секоја година е во значителен пораст. Така лани просечната откупна цена на тутунот достигна рекордни 290 денари по килограм, што претставуваше зголемување од 45% во споредба со 2022 година, кога беше 200 денари по килограм. И оваа година очекувам зголемување на цената и таа да достигне и до 400 денари за килограм. Повторно ќе кажеме рекордна цена но таа е реална за нашите вредни тутунопроизводители со што покажуваме грижа за нивниот ангжман и посветеност кон оваа важна култура – изјави Николовски.

Тој потсети дека како и секоја година пред стартот на откупот е реализирана средба со откупувачите на тутун. Сите откупувачи со нивните откупни пунктови се подготвени за престојниот откуп на тутун. Подготвеност кај откупувачите има за директни разговори со Сојузот на тутунопроизводители и заедно преку дијалог треба да ја утврдат динамиката на откуп.

https://agrotim.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close